Селена Гомез страда од биполарно нарушување

Пејачката и глумица Селена Гомес откри дека ѝ е дијагностицирано биполарно нарушување. Таа зборуваше за нејзината дијагноза за време на 20-минутниот разговор со Мајли Сајрус на „Инстаграм“. Селена кажа дека сфатила дека е биполарна откако неодамна посетила психијатриска болница.

„Откако дознав за мојата дијагноза, стравот како да исчезна. Колку повеќе информации знам, толку повеќе ми помагаат“, изјави 27-годишната Гомес.

Таа во 2017 година имаше трансплантација на бубрег поради нејзината борба со лупус.

Scroll to Top