Астронаутот на НАСА Скот Кели помина 340 дена во вселената во вселенското летало, каде е изолиран од пријателите и семејството. Затоа нема подобар човек од него кој може да не посоветува како да се избориме со изолацијата додека трае пандемијата со коронавирусот.
Кели научил да се носи со проблемот на осаменост за време на неговата работа и животот во лабораторијата која кружи над Земјата. Тој вели дека главното е правилно да го распоредите денот.
„Обидете се да се држите до распоредот за да секој ден доволно работите, спиете, а важно е и да вежбате. Ако работите од дома, важно е да го почитувате работното време. Работата ќе ве чека и утре“, вели Кели.
Тој советува дека потребно е да си најдете хоби или да ги освежите некои работи.
„Времето морате да го исполните со некое ново хоби. Почнете со онлајн курсеви за странски јазици, искористете го слободното време. Или научите да свирите на некој музички инструмент. Тоа е добро за развивање на мозокот, здравјето, па дури и продуктивноста“, вели тој.
Кели вели дека во текот на денот најдете време и за видео-средби со пријателите и семејството.
„Исклучително е важно да се биде во контакт со блиските кога веќе не можеме физички да ги видиме. Бројните истражуваа укажуваат на тоа дека тоа е добро за менталното здравје и зачувување на социјалните врски. Никогаш не сум пропуштил можност да имам видео-повик со семејството и пријателите. Го обожавам тој дел од денот“, вели Кели.