Во Саудиска Арабија 150 членови на кралското семејство би можеле да се заразени со коронавирус, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори. Весникот истакнува дека еден од принцовите, кој е гувернер на градот Ријад е хоспитализиран.
Кралот на Саудиска Арабија, Салман, е самоизолиран на еден од островите во Црвеното море, недалеку од градот Џеда. Принцот Мухамед бин Салман, исто така се наоѓа во самоизолација, како и бројни министри.
Подготвнеи се 500 кревети наменети за кралското семејство во елитна болница. Претходно во Саудиска Арабија воеден е строг карантин поради коронавирусот. Дозволен е само излегување во аптека или продавници.
Во кралството во моментов има 2795 потврдени случаи заразени со коронавирусот, а починати се 41 лице. Исто така се зборува дека е можна забрана за одење на хаџилак оваа година, поради закана од ширење на епидемија.