(Видео) Меланија Трамп се вклучи во борба проти коронавирусот

Првата дама на САД, Меланија Трамп, за разлика од нејзиниот сопруг Доналд Трамп, ја прифати препораката на здравствените власти во САД и почна да носи маска за лице за да се заштити од опасниот коронавирус.

Таа сподели фотографија со маска за лице на „Твитер“ и им порача на сите колку е важно социјалното дистанцирање на луѓето.  Таа стана првиот член во семејството на Трамп кој јавно се заложи за носење маски.

„Ве молам сите сериозно да ја сфатите важноста на социјалното дистанцирање и да носите маски за лице“, напиша таа повторувајќи ја својата порака повторно минатата недела.

Претходно Трамп објави дека нема да носи маска за лцие, објаснувајќи дека тоа е само препорака на здравствените власти и е оставено на добрата волја на секој, дали сака да носи маска или не.

Во неделата од претседателот било побарано краток брифинг за печатот за поддршката на првата дама, затоа што неколку пати тој изјавил дека нема да носи маски.

„Добро е, таа така се чувствува. Ѝ се допаѓа да носи маска. Многу луѓе го прават тоа. Повторно, тоа е препорака и јас ја разбирам таа препорака и се согласувам со неа“, изјавил претседателот.

 Трамп сними видео во четвртокот и едно објави во средата, во кое им се заблагодари на медицинскиот персонал и вработените кои се во првата линија на борбата против опасниот вирус.Претседателот е тестиран најмалку два пати за Ковид-19, и двата теста испаднале негативни, според извештајот на Белата куќа, а наводно се тестират и оние кои биле во контакт со Трамп. Првата дама е еднаш тестирана на вирусот, изјавила нејзината портпаролка, која потврдила дека тестот од 13 март е негативен.

 

Scroll to Top