(Фото) Елен Деџенерис се пожали дека во својот луксузен дом се чувствува како затвореник

Водителката Елен Деџенерис вели дека се чувствува како затвореник во својот луксузен дом во калифорнија. И таа како и сите други, поради коронавирусот се наоѓа во самоизолација.

Елен почна да го снима своето популарно шоу „Шоуто на Елен Деџенерис“ од дома почна затоа што студиската продукција го прекина снимањето во студиото, поради пандемијата со коронавирусот.

Елен се најде на мета на критики од страна на фановите поради коментарот дека во изминатите три дена кои ги минала во изолација во нејзиниот дом вреден 25 милиони евра, се чувствувала како да е во затвор.

Таа е во карантин заедно со својата партнерка Портио де Роси, а во една од своите емисии се пожали на моменталната ситуација.

„Тука ми е како во затвор. Воглавно сум о истата облека десетина дена, а сите тука се геј“, изјавила водителката.

На многу од нејзините гледачи и пријатели им засмета нејзиниот коментар, затоа што таа не треба да се жали што мора да остане во огромната куќа, додека поголемиот дел од остатокот од светот, приватноста ги дели само една врата.

„Луѓето буквално умираат во заторите од коронавирус, додека Елен од тоа прави шега. Илјадници луѓе се во вистински затвори и во многу полоши услови“, и порачаа фановите.

 

Богатството на Елен се проценува на околу 400 милиони евра, а таа во моментов се наоѓа на имотот во Санта Барбара. Куќата има огромна квадратура и е со осум спални соби, 10 купатила, а има и базен.

 

 

Scroll to Top