Рускиот претседател Владимир Путин, не сака да се откаже од својата парада на Денот на победата, закажана за 9. мај и покрај опасноста од коронавирусот. На парадата по повод 75 години од крајот на Втората светска војна, е планирано да пристигне и францускиот претседател Емануел Макрон и други светски лидери.
Светските медиуми пренесуваат дека 12 милиони жители на Москва, кои во моментов се затворени во своите станови, подготовките за парадата претставуваат загрижност.
Legendary #T34 arrive in #Alabino to prepare for V-Day pic.twitter.com/lW5TYv63HD
— RT (@RT_com) April 2, 2020
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како 15.000 војници се построени надвор од Москва, каде руското министерство за одбрана потврди дека ќе се одржи пробата за Денот на победата.
Опозициониот лидер Алексеј Навалјни, ја нарече одлуката на министерот за одбрана Сергеј Шојги, да се продолжи со пробата, идиотска, објаснувајќи дека на овој начин се ризикуваат животите на војниците.
Video purportedly of Russian troops at the Victory Day Parade rehearsals in Alabino who aren’t quite meeting the 1.5 meter social distancing requirement instituted by local officials.https://t.co/Zhut8EX9gt pic.twitter.com/JIQLTPFUMQ
— Rob Lee (@RALee85) April 2, 2020
Од друга страна министерството за одбрана соопшти дека ги превзема сите мерки на претпазливост за да обезбеди безбедност на војниците, вклучувајќи ги и редовното мерење на температура.