(Видео) Сестрите Кардашијан се степаа во својот дом

Сестрите Кардашијан објавија видео снимка од жестоката кавга и тепачка во нивниот дом. Двете поради пандемијата со коронавирусот, се наоѓаат во домашна изолација, а откако двете си разменија тешки зборови, почнаа да фрлаат и со шишиња и силно да се удираат.

Светските медиуми пренесуваат дека целата ситуација ескалирала поради нередот во куќата. Освен тоа, Кортни се пожалила дека сè потешко се носи со камерите, а во еден момент размислувала и да го напушти нивното шоу.

Гледачите се навикнати на секојднените скандали кои им ги сервираат сестрите Кардашијан во нивниото реално шоу Keeping Up With The Kardashians. Тепачката ги насмеа фановите кои се пошегуваа на социјалните мрежи на сметка на сестрите Кардашијан.

„Растегната сум на различни страни, а затоа што ме немаше месец дена, чувствувам стрес и знам дека се враќам во период кога немам приватност. Во куќата денес ќе дојдат веројатно четириесет луѓе“, изјавила најстарата сестра.

Со оглед на тоа дека Ким зема одмор од работата поради пандемијата со коронавирусот, со своите пријатели одлучи да го сподели видеото во јавноста. 

Станува збор за видеоснимка во два дела. На едната анонимно момче ја копираше расправијата меѓу најпознатите сестри, а неговата пародија во рекорден рок стана вистински хит на интернет.

„Каков крал. Ова е предобро. Изгледате баш како моите сестри и јас, а момчето кое ве глуми е фантастичен“, биле само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top