(Фото) Мет Дејмон заглави во Ирска, не може да се врати во Америка

Холивудскиот глумец Мет Дејмон поради пандемијата со коронавирусот заглави во Ирска и не може да се врати во Америка. Глумецот снимаше филм о Ирска, кога опасниот вирус почна да се шири низ светот. Локалното население во Ирска не крие дека се воодушевени што славниот глумец во моментов престојува кај нив.

Еден од најплатените актери на денешницата, во моментов се наоѓа во ирското градче Далки, каде ги снимаше сцените за последниот филм на Ридли Скот  филмот The Last Duel, драма која во светските кина се очекува да стигне наредната година.

Поради пандемијата со коронавирусот и моменталната неможност да се врати во Америка, Мет со своето семејство е во главниот град на Ирска, каде ги минува деновите во изолација, пишува „Дејли Мејл“.

Локалните жители во Далки не го криеја водушевувањето што на гости го имаат познатот глумец. Некои од нив имаа можност да се запознаат со него, како што се работниците во локалните ресторани и барови. На социјалните мрежи за Мет и неговото семејство имале само пофални зборови.

Како што истакнаа многумина, тој со своето однесување воопшто не покажувал дојам на холивудска ѕвезда.

„Мет Дејмон ми го направи денот подобар кога го видов како се шета од дуќан во дуќан со голема торба. Тоа ни зборува дека сите сме исти. Овој вирус не бира, не дискриминира, влијае на целиот свет. Се надевам дека Мет ужива во престојот тука“, напишал еден од неговите обожаватели.

Глумецот е во брак со дизајнерката Луциан Баросо, од 2015 година. Заедно имаат три ќерки Изабел, Џиу Завала и Стела.

 

 

Scroll to Top