Подготовките за Денот на победата се одложија, 9. мај ќе биде одбележан во кругот на семејството

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се одложат подготовките за Парадата на победата, која традиционално требаше да се одржи на 9. мај во Москва.

Претседателот Путин на седницата на Советот за безбедност соопшти дека ризиците, поврзани со ширењето на коронавирусот, не овозможуваат да се направат подготовките за парадата.

Рускиот лидер нагласи дека парадата на Црвениот плоштад и маршот на „Бесмртниот пук“, ќе бидат одржани во 2020 година. Целата оваа година, инаку е прогласена на Година за сеќавање и слава.

Путин е сигурен дека 9. мај ќе биде одбележан во кругот на семејството и дека, како и досега, општеството ќе биде обединето.

 

Scroll to Top