Хари се обидел да стапи во контакт со таткото на Меган Маркл, Томас, со цел да се смират. Овие пораки Меган ги објави за време на судскиот процес против некои таблоиди, за кои таа тврди дека имале единствена задача да ја оцрнат пред јавноста.
„Том, Хари е овде. Те молам да ми се јавиш. Навистина мораме да разговараме со тебе. Не треба да се извинуваш, ги разбираме околностите, но разговорот со медиумите и јавното обраќање ќе ја влоши целата работа. Ако ја сакаш Мег и ако сакаш да го направиш она што е исправно, те молам јави се. Не мораш да разговараш со медиумите кои самите ја создаваат оваа ситуација. Уште еднаш те молам да се слушнеме и да ги разјасниме работите. Мег и јас не сме лути на тебе. Само сакаме да се слушнеме. Од првиот ден сакаме да ти помогнеме“, гласела една од пораките од телефонскиот повик, кога Хари се обидел да го добие Томас Маркл.
Хари и Меган откако си заминаа од кралското семејство, одлучија повеќе никогаш да не даваат интервјуа за „Дејли мејл“, „Мирор“, „Сан“ и „Дејли експрес“. Тие сега го тужат и конзервативниот таблоид „Мејл“, затоа што сакал во јавноста да ги претстави во лошо издание, пренесува Би-би-си.
Како доказ за тоа, Меган ја претставила пред судот пораката на Хари. Меган тврди дека медиумите известувал на некоректен и непрофесионален начин, сè со цел да ги прикаже во лошо светло, пренесува Би-би-си.
Меган на судот како доказ му го прикажала и писмото кое му го испратила на татко ѝ. Се работи за нивна приватна преписка, уште од времето пред да стапи во брак со Хари. Меган тврдела дека таблоидот намерно се обидел да ја влоши ситуацијата со Томас, не прикажувајќи ја вистината.