Две години по смртта на сопругот, Тајчи повторно вљубена: Дејвид ме направи среќна

Пејачката Татјана Матијаш- Таjчи пронајде нова љубов две години по смртта на нејзиниот сопруг Метју Камерон. По тешките моменти, Тајчи повторно има насмевка на лицето, и тоа благодарение на американскиот музичар Дејвид Ланглеј. Таа сега за првпат проговорила за хрватските медиуми за новата врска и открила дека е многу среќна со Дејвид.

– Љубовта лекува сè. Ме привлекоа неговата автентичност, искреност, целосна посветеност, не криеме ништо, не се преправаме, си дозволуваме едни на други да ги споделиме и најлошите мисли и најлошата болка, тогаш чувствуваме дека сме подарок еден на друг, рекла големата југословенска sвезда за хрватската емисија „ИН магазин“.

– Убаво е кога можеме со некој да го споделиме она што најмногу ни значи, убавите моменти, музиката, смеата, дружењето, смиреноста, додала пејачката, која со години живее во Америка, а како што навело нејзиното семејство, таа добро го поднесува периодот на изолација.

– Дома имам три сина и девојка на најстариот син, добро се снаоѓаме, сите имаме некои проекти, креативни сме, раскажала таа.

Тајчи беше во брак со Метју Камерон 17 години, а тој, за жал, се разболе од непушачки рак на белите дробови и по долга и макотрпна борба почина од подмолната болест.

Scroll to Top