Некои од холивудските ѕвезди и пејачки како Џулија Робертс, Хали Бери и Мараја Кери, се решија да го покажат своето природно лице додека се во карантин, со цел да им помогнат и охрабрат жените полесно да ги поднесат деновите во изолација.
Тие на „Инстаграм“ објавија фотографии без фризури, руменило, маски и останати додатоци. Некои од фановите за некои од нив велат дека подобро изгледаат во природно издание, отколку со тешката телевизиска и филмска шминка.
Бројни фанови на Џулија Робертс и коментираа дека изгледа одлично без шминка. Фотографијата на која глумицата е во природно издание собра повеќе од 400.000 лајкови.
Колку добро изгледа без шминка покажа и нејзината колешка Гвинет Палтроу која за време на самоизолацијата ги советуваше своите обожаватели секојдневно да се грижат за својата кожа.
И една од најпознатите пејачки на светот Мараја Кери позираше со чисто лице. Престојот во карантин одлучи да го искористи на најдобар можен начин, па на своите фанови им откри како работи на новите песни.
Во самоизолација ужива и глумицата Хали Бери, која покажа дека за нејзината кожа не треба многу шминка. Пријателите и коментираа дека без козметички препарати таа изгледа десет години помлада.