Глумецот Сем Лојд, познат по играњето во серијата „Сајнфилд“ и улогата на адвокатот Тед Букланд, во американската комична драма „Стажист“, почина на 57 годишна возраст. Веста за неговата смрт, на „Твитер“ ја потврди сценаристот на „Стажист“, Били Лоренс.
„Почивај во мир пријателе. Размислувам денес за Сем многу. Тој беше толку љубезен и драг човек. Ќе ни недостига на многумина“, коментирал Лоренс.
На Лојд во јануари 2019 година, му беше дијагностициран рак, само неколку недели откако тој и сопругата Ванеса го добија своето прво дете, синот Вестон.
Тогаш продуцентот на „Стажист“, Тим Хоберт и неговата сопруга ја покренаа платформата GoFundMe, за да соберат пари за сметките за лечење на Лојд. Беа собрани преку 150.000 долари.
„И покрај големиот број проблеми и тешкотии, Сем и неговата сопруга беа силни и позитивни“, велат нивните пријатели. Лојд е роден во 1963 година во Вестон, а е внук од филмската ѕвезда во „Враќање на иднината“ Кристофер Лојд.
Покрај улогите во „Сајнфилд“ и „Стажист“ има глумено и во сериите „Очајни домаќинки“, „Малколм во средината“, „Модерно семејство“, „Западно крило“, и многу други серии и филмови.