Бројот на заразени во Москва од коронавирус, драматично скокна на 250.000

Земјата за која до неодамна беше означена како држава која добро се снаоѓа во периодот на епидемија на коронавирусот, наеднаш доби драстичен број на заболени од опасниот вирус. Само во Москва се претпоставува дека бројката на заболени од „Ковид-19“, можеби изнесува повеќе од 250.000, пренесува српски „Курир“.

Во последните 24 часа се заболеа уште 10.633 лица, соопштија денес од кризниот руски штаб. Вкупниот број на заболени во Русија, достигнал 134.687 лица. Оздравени се вкупно 16,639 лица, а починати 1280.

Според статистиката на кризниот штаб и податоците објавени на сајтот stopkoronavirus.ru, во Москва се инфицирани вкупно 68.606 лица, а само за последните 24 часа 5948, пренесува Курир.рс.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанјин изјави вчера дека реалната слика во главниот град на заразени лица е околу два проценти на жителите, што претставува бројка од 250.000 луѓе.

Шефот на информативниот центар на кризниот штаб Александар Мјасников ја коментирал изјавата на Собјанјин и изјавил дека станува збор за реална бројка на заразени во рамки на математичките прогнози, засновани на спроведените тестови.

„Треба да се разбере за каква бројка станува збор. Реалниот број никој не го знае. Ниту Господ. Ние говориме за бројот на откриени пациенти по бројот на направени тестови. Дури и на децата им е јасно дека бројот на заразени е десетина пати поголем“, изјавил Мјасников.

Русија со новите бројки, ја престигна Франција и изби на шестото место во светот по бројот на заразени, пренесува „Тас“.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top