(Фото) Џорџ Клуни славеше роденден во вилата на Синди Крафорд

Холивудскиот актер Џорџ Клуни, кој е добитник на три Златни глобуси, два Оскара и на наградата за животно дело, вчера на 7 мај го прослави својот 59-ти роденден.

Тој во друштво Амал Клуни (42) го прослави роденденот во Малибу, Калифорнија.

Актерот го сликале папараците додека пред вилата на Синди Крафорд  разговара со нејзиниот сопруг Ренди Гербер и уште неколку пријатели.

Клуни веќе со години е најдобар пријател со сопругот на некогашната манекенката, па сите заедно речиле да се опуштат по деновите поминати во карантин.
Клуни е во лежерно издание, фармерки , црна маица и очила за сонце.

Scroll to Top