Руската манекенка Ирина Шајк ја прошета нејзината ќерка Леа во парк во Њујорк. Следејќи ги препораките за заштита на јавното здравје од коронавирусот, и мајката и ќерката носеа црни заштитни маски на лицето. Иако на почетокот на прошетката Леа се возеше во својата количка, на крајот во количката седна Ирина, а Леа ја туркаше. 34-годишната манекенка и нејзината 3-годишна ќерка ги хранеа и гулабите во паркот.
Леа е ќерка на Ирина и глумецот Бредли Купер.