Легендата на рокенрол музиката, американскиот музичар Литл Ричард, почина на 87 години, пренесуваат светските медиуми. Го нарекуваа таткото на рокенролот.
Тој се појави на светската музичка сцена во 1956 година и воодушеви со својот енергичен настап на пијано и песната Tutti Frutti. Потоа следеа хитови како Long Tall Sally, Rip It Up, Lucille, Good Golly Miss Molly и други.
Иако тој не беше во првите десет на музичките топ листи од 1958 година, влијанието на Литл Ричард на претстојниот бран на рокенрол беше неизмерно.
Неговите песни ги прeработуваа многу музичари, од Битлси, Еверли брадрс и Кинкс, преку Елвис Костело и Скорпионс.