Трејси Андерсон е една од најпознатите фитнес инструкторки чии клиенти се Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез и Мадона. Taa го сподели рецептот за здрав напиток кој е хранлив и помага во процесот на слабеење. Секако, не заборавајте на физичката активност која Трејси задолжително ја препорачува со оваа здрава ужина.
Состојки:
120 грама млад спанаќ
3 излупени портокали
1 исушена урма
Цимет
120 мл кокосово млеко
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и измиксајте. Напитокот пијте го веднаш.