Српскиот пејач Аца Лукас деновиве одржа концерт без публика, а како специјална гостинка ја покани пејачката Снежана Ѓуришиќ. Кога новинарите го прашаа зошто ја избрал токму Снежана, тој им одговорил: „Па сигурно нема Брена да ја викам. Неа не би ѝ дал да ми пее дури ни на тераса“.
Лукас и Брена веќе неколку години не разговараат. Иако никогаш јавно не открија зошто, се претпоставува дека се скарале за пари и дека затоа пејачот не е веќе ни во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, бидејќи Брена до неодамна беше еден од сопствениците на продукцијата.
„Му фалеше на некого нешто? Не! Беше ли концертот добар? Беше! Снежана ми е како сестра. Многу поминавме заедно. А гледам дека и Брена имала некој концерт периодов. Фино што некој ја поканил некаде. Јас имам попаметна работа отколку да ја слушам неа. Добро, да не грешам, е некаква си ѕвезда, ама зошто да ја рекламирам бесплатно? Доволно се рекламираше таа на моја сметка. Одамна завршив со неа, кажав што имам и нема да се враќам на минатотот“, рекол Лукас во интервју за „Свет“.