Наставник од првиватно школо, во градот Инчон во Кина, заразил шест ученици од основно и средно школо. Тој бил позитивно тестиран, иако на почетокот негирал дека бил во посета на ноќни клубови, каде ги заразил децата.
Подоцна бил разоткриен со помош на ЏПС направата за следење. Заменик министерот за здравје Ким Ганг Лип, изјавил дека денес околу 20.000 луѓе биле тестирани на коронавирусот. Сите тие биле во посета во ноќните клубови во Сеул, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Тогаш биле откриени осум нови случаи на заразени со коронавирус, од кои, шест биле ученици од основното и средно школо. Два од тие осум случаи, минатиот викенд биле на црковни служби, така што сега се спроведува епидемиолошка истрага во тој правец.
Најмалку седум припадници на војската биле позитивни на коронавирус и сите биле поврзани со случаите од ноќните клубови. Градоначалникот на Сеул, Парк Вон Сун, изјавил дека се потврдени 10.905 луѓе, во близина на клбовите во Сеул, а 11% од нив се странци.
Во Јужна Кореја досега се приајвени 10.962 случаи на коронавирус, а починати се 259 лица.