На поранешниот британски принц Хари, му недостгиаат некои од работите од минатото, додека живееше заедно со кралското семејство. Како што пишува британски „Дејли Мејл“, извор близок до Хари сега открива дека животот во Лос Анџелес не се одвива така како што планирал и дека сега е без работа и пријатели.
Нема поминато ниту една година, откако тој заедно со неговата сопруга Меган Маркл, се откажаа од кралскиот живот и прво се преселија во Канада, а набрзо потоа и во Лос Анџелес. Двајцата одлучија да се осамостојат и да бидат финансиски независни.
Сега краскиот извор открива дека на Хари му недостигаат старите пријатели и колеги. Освен што во Лос Анџелес нема приајтели, Хари нема ниту работа и затоа се чувствува многу лошо. Од друга страна, неговата сопруга Меган, во овој град има многу пријатели и повторно и се врати на глумата.
За време на пандемијата, кралскиот извор открива дека Хари често зборувал со неговите стари пријатели и бил исклучително зафатен, но дека се чувствувал многу лошо.
„Во моментов се чувствува така како што се чувствува. Но, не беше отсекогаш така. Тој тоа најдобро го знае“, открива изворот.
Поранешниот принц на своите пријатели им кажал дека не му се верува како животот наеднаш му се превртил наопаку. Им кажал дека му недостигаат војската и неговите воени должности. Не му се верува во каква ситуација се нашол.
За потсетување, Хари се откажа од улогата во војска, што ја вклучува и положбата на генерал на Кралската морнарица. И додека заедно со Меган работи на новата непрофитна организација Archewell, Хари и понатму ги надгледува Меѓународните воени параолимписки игри.
Игрите требаа да се отворат минатата недела, но беа одложени поради пандемијата со коронавирусот. Хари изјавил дека наскоро ќе биде соопштен новиот датум на одржување.