Глумецот Тони Шалуб (66) познат по улогата на детективот Едријан Монк, откри дека тој и неговата сопруга Брук Адамс, се зараени со коронавирус, пишува „Си-ен-ен“.
Тони во една американска емисија, преку интернет откри дека е зарзен со новиот вирус.
„Мина месец дена откако јас и мојата сопруга Брук се заразивме со коронавирус. Неколку недели беше прилично лошо. Свесни сме дека многу луѓе имаат коронавирус и дека на многумина им е многу полошо од нас“, изјавил Тони.
Тој се осврна и на ликот на Едријан Монк, со кој се прослави. Тој фиктивен лик од хит американската серија има опсесивно компулзивно пореметување. Тој демонстрираше, како Монк би живеел во свет со пандемија.
„Би кажал дека Монк поштата би ја ставал во микробранова печка, овошјето би го миел во машина за миење на садови, а од Зоом повикот би стоел оддалечен околу шест метри“, се пошегувал Тони.