Холивудската глумица и дизајнерка, Мери-Кејт Олсен, по пет години брак се разведува од Оливие Саркози, полубратот на поранешниот француски претседател Николас Саркози. 33-годишната ѕвезда на серијата „Полна куќа“ поднела барање за развод од 50-годишниот сопруг.
Американскиот таблоид „Ју Ес викли“ откри дека глумицата и дизајнерка има „железен“ предбрачен договор со кој го заштитила нејзиното богатство. Магазинот „Форбс“ во 2007 годиина ги рангираше Мери-Кејт и нејзината сестра близначка Ешли меѓу 11 најбогати жени во светот на забавата, со богатство од 100 милиони долари. Лани нивното богатство беше проценето на 250 милиони долари.
ТВ-актерката која стана моден дизајнер и во април се обидела да поднесе барање за развод од францускиот банкар, но судот рекол дека процесот ќе почека заради пандемијата на коронавирусот. Сега Олсен побарала итна постапка за да се забрза формалниот развод бидејќи двајцата веќе живеат одвоено. Таа бара од судот без одлагање да ѝ дозволи да се разведе.
Мери Кејт е во брак со Оливие, полубрат на поранешниот француски претседател Николас Саркози, од 2015 година.