Српската пејачка Славица Ќуктераш не му дава на бившиот маж да ја гледа ќерката Викторија додека трае пандемијата со короната. Таа веќе некое време живее кај родителите, дистанцирана од сите, а меѓу нив е и таткото на нејзината ќерка, фудбалерот Владо Аврамов.
„Славица и Викторија се безбедни кај родителите во Шабаш, мајка ѝ ѝ помага за сè. Пејачката не се чувствуваше сигурна во Нови Сад. А и не знае со кого имал контакти нејзиниот поранешен маж, па не сака да му го даде детето. Кога ќе престане епидемијата, ќе се вратат двете во Нови Сад, ама се сега остануваат тука. Страв ѝ е и од можниот втор бран, од негувателките во градинки што биле заразени, не сака да го ризикува здравјето на своето дете“, рекол за „Свет“ извор близок до пејачката.
Славица пред неколку месеци призна дека се развела од Владо, но не сакаше да открива детали.