Кинескиот амбасадор во Израел пронајден мртов во својот стан

Амбасадорот на Кина, во Израел, Ду Веи, е пронајден мртов во својот стан во предградието на Тел Авив. Израелската полиција покренала истрага за смртта на кинескиот амбасадор.

Ду (58) бил пронајден мртов во својот кревет, а причината за неговата смрт засега не е објавена. Израелските медиуми пренесоа дека според првите проценки, Ду починал од природна смрт.

Тие се повикуваат на изјавата на неименувано медицинско лице. Ду е поставен за амбасадор во Израел, во февруари оваа година, а претходно беше на чело на дипломатската мисија во Украина.

Во едно од своите интервјуа во април, тој изјави дека по доаѓањето во Израел, то бил во 14 дневен карантин, поради пандемијата на коронавирусот во Кина. Педесетгодишниот Ду Веи, зад себе ги остави сопругата и синот.

 

 

Scroll to Top