Глумците Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разведуваат по скоро 10 години брак. Иако Меган не сакаше да зборува за разводот, Брајан открил дека глумицата го оставила него. Популарниот Дејвид од „Беверли Хилс 90210“ рекол се разделени со месеци и дека одамна не живаат. Грин и Фокс се во брак од 2010 година и имаат три деца.
Грин раскажал дека откако се вратил од неколкунеделното снимање минатата година, Меган му рекла дека чувствува дека треба да поминат некое време одвоени.
„Бев вознемирен поради тоа, но не можам да ѝ се лутам. И не бев лут затоа што таа не бараше така да се чувствува“, вели тој.
Фокс, пак, од неодамна се гледа со раперот Машин Ган Кели. Папараците неколку пати ги сликале заедно. За него Грин вели дека е добар и љубезен, но и тој и Меган во моментот се само пријатели.
„За мене е навистина важно луѓето што се наоѓаат во оваа ситуација не третираат никого како негативец или жртва“, рекол тој.
Тој исто така рекол дека тие имаат намера да ги поминат одморите заедно како семејство со своите деца.
„Јас секогаш ќе ја сакам и таа секогаш ќе ме сака“, додал.