Познатиот пејач и музичар од Гвинеја, Мори Канте, кој беше популарен по неговата песна Yeke yeke во осумдесетите години, почина на 71 годишна возраст.
Тој починал во болница во Конакрију, а веста за неговата смрт ја објави неговиот син Бала Канте. Мори беше познат и како електричниот гриот, ја популаризираше африканската и гинејската музика низ целиот свет. Особено беше познат со неговата песна Yeke yeke од 1987 година, која беше продадена во милионски примероци.
Песната се наоѓаше на врвот на голем број музички листи во бројни земји. Канте во западна Африка бил дел од заедницата на патувачки поети, музичари и проповедници.
Тој починал во гвинејската болница, околу 10 часот по локално време. Пејачот боледувал од хронични болести и често одел на лечење во Франција, но пандемијата од коронавирусот стави крај на неговиот живот.