САД верува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, во моментов се наоѓа на некои од местата околу градот Пјонгјанг. Ова е наведено во извештајот на јужнокорејскиот дневен весник ДонгА Илбо, кој се повикува на неидентификувано официјално лице од владата во Вашингтон.
Изворот за весникот изјавил дека САД оваа недела го идентификувал Ким во неговиот воз во округот Кангдонг, а неговиот автомобил и коњ, исто така се видени во тоа подрачје. Возот е забележан преку сателитски снимки во близина на градот Вонсан, на крајот на минатиот месец.
Округот Кангдонг, е сместен североисточно од централниот град Пјонгјанг и е дом на голем број фабрики, вклучувајќи и постројки за прецизни машини, кои Ким ги посетил во 2017 година.
Истовремено Врховната команда на севернокорејскиот град неодамна ја интензивирала контролата на патот во градот Самијон во провинцијата Рјанганг, кој исклучиво го користи лидерот на земјата, Ким Џонг Ун, за чие здравје и понатаму се шпекулира, што наговестува дека тој престојувал во својата вила во тоа подрачје, пишува „НК Дејли“.
Како што навел изворот на весникот, врховната гарда изненадувачки на 9. мај, на 10 дена ја интензивирала контролата на ексклузивниот пат, кој го користи Ким на патот до вилата.
Изворот објаснил дека тој пат обично, во текот на денот, еднаш патролира двочлен тим, но во текот на наведените 10 дена, на околу 50 метри од влезот на патот поставен е мобилен пункт, на кој стражарите се менувале на секои два часа. Во текстот се истакнува дека стражарите биле опремени со воена опрема, вклучувајќи и метални шлемови и камуфлажни одела.
„НК Дејли“ наведува дека голем број од жителите на Северна Кореја, во мај доаѓаат на тоа подрачје за да берат лековити билки кои потоа ги продаваат во Кина, како и дека локалните жители обично им е дозволено да го преминат патот за да дојдат до блиските планини.
Поради изненаувачкото појавување на привремениот стражарски пункт и интензивираните контроли на движење, на тоа подрачје, никој не можел да се задржи во близина, во повеќе од неколку минути, пренесува весникот.
Во текстот се потсетува дека слична ситуација е видена кога Ким последен пат спровел итна инспекција во Самијон. Оваа информација доаѓа во време кога и понатаму не е јасно, зошто севернокорејскиот лидер не се појавува во јавноста, што предизвика бројни шпекулации за неговата здравствена состојба.
Светските медиуми веќе со недели изнесуваат тврдења дека по неуспешната операција, тој се наоѓа во животна опасност или е веќе мртов. Ким Џонг Ун се појави на 2. мај во јавноста, првпат по 20 дена, каде присуствуваше на отворањето на една фабрика за ѓубриво северно од Пјонгјанг, по што повторно се повлече од јавноста.