Високопозициониран член од военото обезбедувње на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, тврди дека на патот до неговата вила, кој го користи икслучиво само тој, е забележано зголемено воено присуство.
Изворот објасни дека патот кој го користи исклучиво Ким, обично го надгледува тим од двајца луѓе. Сепак сега на споменатиот пат, на 50 метри е поставена вооружена стража, која ротира на секои два часа.
Изворот тврди дка Врховната безбедносна команда, која го обезбедува Ким, патролира под полна воена опрема.
„Од 9. мај, Врховната безбедносна команда, наеднаш е засилена со контрола на ексклузивниот пат, кој го користи лидерот до вилата, во период од десет дена“, изјавил изворот за „Дејли НК“.
Севернокорејските власти и понатаму не се огласуваат на тврдењата дека лидерот Ким е тешко болен, па можеби и мртов. Тој долго време отсуствуваше од јавниот живот, се до неодана објавените снимки на кои се гледа како тој сече лента од новоотворена фабрика за ѓубриво.