Израелската манекенка, Бар Рефаели, четири месци откако го роди третото дете, покажа дека се вратила во форма. Таа објави слики на инстаграм во бикини, а на кои има рамен стомак. Фаноовите коментираа дека е вистинско чудо што изгледа толку добро само неколку месеци по породувањето.
Бар во јавноста е позната по нејзините фитнес-тренинзи, па напорната работа се гледа, пишуваат нејзините следбеници.
Инаку, поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ е во брак со Ади Езра од 2015 година и парот има 3 деца. Пред Езра, Бар беше во врска со Леонардо ди Каприо, од 2005 до 2009 година.