Детокс-чорба која го чисти организмот

Лесен оброк кој го чисти организмот од токсини. Доволно е да ја јадете само оваа супа цел ден (во неограничени количини) и да пиете многу вода за да исфрлите дел од непотребните отрови наталожени во телото.

Потребни состојки:

300 грама спанаќ
300 грама брокули
1 главица кромид
1 чешне лук
магдонос
1 корен од целер
1 компир
сол и бибер
2 лажички масло

Начин на подготовка:

Во длабок сад издинстувајте ги лукот, кромидот и целерот, потоа додадете компир, спанаќ и брокула. Ставете вода и варете околу половина час. Сето тоа измиксирајте го во блендер, додадете сол, бибер и свеж магдонос. Чорбата можете да ја јадете топла или студена, по желба.

Scroll to Top