Мистериозната смрт на стотина лилјаци во неколку индиски држави, вклучувајќи ги и Утар Прадеш и Бихар ги исплаши тамошните жители. Тие сметаат дека овие лилјаци се причината за појавата на новиот коронавирус, иако оваа теорија сè уште не е потврдена.
Смртта на лилјаците Индијците ја толкуваат како прогонување и знак за страшни настани кои допрва ќе се случат. Паниката меѓу локалното население ги присилила властите да покренат акција и да се обидат да ја утврдат причината за смртта на лилјаците.
Од областите Белгат во Утар Прадеш на крајот на мај била пријавена смрт на голем број лилјаци, кои немале никакви знаци на повреди. Мештаните изјавиле дека дури 52 лилјаци умреле во рок од еден час на едно подрачје.
„И претходно сме доживувале топлотни бранови, но смрт во толку кратко време никогаш претходно се нема случено. Нешто не е во ред, иако официјалните лица се обидуваат да го стават проблемот под тепих. Како е можно 52 лилјаци оддеднаш да загинат во рок од еден час?“, прашуваа еден од мештаните, Ашок Варм.
Истиот ден кога биле пријавени 52 умрени лилјаци, одделението за сточарство во Бихар потврдило смрт на околу 200 лилјаци во близина на местото Ара во округот Бојпур. Тим на лекари го разгледале подрачјето и зел примероци од мртвите лилјаци за да ги тестираат.
Од индискиот Институт за ветеринарство наведуваат дека лилјаците најверојатно загинале во Утар Прадеш, пораду прекумерната топлина. Пестицидите кои се користат на стеблото манга исто така се сметаат за една од можните причини за големиот број мистериозни смртни случаи на лилјаците.