Фотографијата на која еден од американските полицаец вперува пушка со гумени куршуми, кон таткото и неговото дете, ја згрози цела Америка па и пошироко. Фотографот и воен ветеран Ричард Грант, успеал да го сними моментот за време на демонстрациите, кои се случуваат низ Америка, поради смртта на Џорџ Флојд.
„Човекот стоеше со детето пред полицијата за време на демонстрациите во неделата во центарот Лонг Бич. Полицијата употребуваше пушки со гумени куршуми за да ја растера бесната толпа луѓе. Овој човек стоеше со свето дете, додека полицијата не почна да употребува гранати за зашеметување, но не пукаа на него, туку само повремено ги насочуваа пушките кон неговото дете“, напиша фотографот под фотографијата.
Додека некои од полицајците ширум Америка се дистанцираат од убиството на Флојд и потегот на нивниот колега кој го угуши, оваа фотографија повторно создаде бес кај голем број граѓани.
Некои од полицајците во обид да ја смират ситуацијата, решија да клекнат пред демонстрантите и на тој начин да го покажат својот став дека се оградуваат од насилството.