Глумецот Том Круз планира да изгради импровизирано село, кое ќе биде изолирано од опасниот коронавирус, со цел да го сними продолжението од „Невозможна мисија 7“. Според светсите медиуми, актерот и неговата екипа ќе работат и во меур, за да ги снимаат сцените на начин на кој ќе бидат целосно заштитени од опасниот коронавирус.
„Невозможна мисија 7“ беше одложено од јули 2021 година за 19 ноември 2021 година, по проширувањето на пандемијата на коронавирусот. Поради тоа Том Круз и екипата беа принудени да се релоцираат од Венеција во Велика Британија и да ја одложат продукцијата на неодредено време.
Од екипата на Том велат дека сега не се во можност ниту да резервираат аранжман во хотел, затоа што сите се речиси затворени поради Ковид-19.
Извор за британски „Сан“ вели дека веќе предолго се одложило снимањето и дека нема знаци за работите се вратат во нормала за брзо време, па ова е еден од побезбедните начини за работите да се забрзаат.
Првиот асистент на директорот Томи Гормли изјавил дека од компанијата Paramount се надеваат дека ќе ја рестартираат работата со филмот и дека ќе ги посетат сите земји каде било планирано да се снимат некои од сцените. Томи вели дека се надева дека повторно ќе почнат со работа во септември.