Сопругата на пејачот Џон Леџенд, поранешната манекенка Криси Тајген, деновиве ги извади силиконите од градите. Пријателите ѝ направија забава за брзо опоравување и ја изненадија со торта во форма на женски гради. Покрај градите, стои натпис во вид на надгробен споменик: „Почивајте во мир, 2006-2020“.
Криси веќе некое време јавно зборуваше дека сака да ги извади силиконите, оти не се чувствува пријатно со нив. Таа откри дека конечно ги отстранила и дека се опоравува. Некогашната манекенка ставила силикони на 20 години, бидејќи сметала дека така ќе напредува во кариерата. Откако роди две деца, ќерката Луна (4) и синот Мајлс (2), таа призна дека градите многу ѝ се опуштиле.
„Сакам да можам да спијам на стомак“, рече Тајген во една прилика.