Шенон Меки, обожавателка на Лејди Гага, доби на подарок црна кожена јакна од пејачката. Откако Гага поразговарала со обожавателката, таа ја соблекла јакната и ѝ ја подарила, а папараците го сликале моментот на нивната средба на улица во Малибу, Калифорнија.
„Видов девојка со маска и штосна јакна и ѝ реков, ‘Еј, носиш навистина кул јакна“, а таа ми одговори: ‘Благодарам’. Го препознав нејзиниот глас, но не сум некој што би им пристапил на познати личности, па заминав“, раскажала Меки во емисијата „Денес“.
Но, таа сепак решила да се врати и да ѝ раскаже лична приказна на пејачката, а поврзана со нејзиниот најдобар пријател.
„Имав приказна што сакав да ја споделам со неа и почувствував потреба таа да ја слушне. Кога се вратив, ѝ реков: ‘Еј, ти си Лејди Гага, нели? Мојот најдобар пријател во средно училиште беше твој огромен обожавател. Ти си причината што тој ми стана пријател. Неговите први пет тетоважи се посветени на тебе. Затоа, само сакав да ти кажам благодарам,“ раскажала Меки.
Таа рекла и дека Гага била трогната од приказната, па ѝ рекла: „Кажи му на твојот пријател дека го сакам“.
Бидејќи пејачката била излезена со своето момче, Мајкл Полански, не сакала да се сликаат, а наместо тоа ѝ ја подарила јакната.
„Додека зборувавме, таа ја соблече јакна и рече: ‘Толку многу ја сакам оваа јакна. Еве сега е твоја. Облечи ја. Сега ти имај кул јакна“, ја раскажала Меки својата приказна.