Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе на граѓаните на Русија, 75 годишнината од победата во Втората светска војна. Тој испрати порака дека советскиот народ го понел најголемиот товар на војната и го скршил нацизмот.
„Должност на сите нас е да ја чуваме вистината. Таа е правата вистина со ништо заматена. Неа треба да ја пренесуваме од внуци на правнуци. Денешната парада е во чест на таа вистина. Должни сме да ја чуваме и штитиме вистината за Големата патриотска војна“, порача претседателот на Русија.
Не може ниту да се замисли што би се случило со светот ако не застана Црвената армија во негова одбрана, додал Путин.
„Народите на СССР платија страшна цена за слободата на Европа, а наша должност е на тоа да се сеќаваме. Советскиот народ го заврши страшниот холокауст, го спаси светот од фашизмот. Секогаш ќе се сеќаваме дека соетскиот народ го скрши фашизмот“, порача Путин.
Путин изјави дека 80% од нацистичките сили биле насочени кон војна со Советскиот сојуз, но не успеале против обединетиот народ. Путин изјави дека победата во Втората светска војна ја одредила иднината за планетата за многу децении и дека останала запишана како најголем подвиг по својот обем, во морална и духовна смисла.