Македонската пејачка Антонија Гиговска ги предизвика Каролина Гочева, Елена Ристеска, Лина Пејовска, Мартија Станојковиќ и Марија од „Ај кју“, да објават фотографии без шминка. Таа предизвикот го објави на социјалните мрежи, со фотографија на која нема шминка, а косата ѝ е бојосана розова. Досега ниту една од колешките не го прифати предизвикот, а некои од нив ѝ напишаа во коментарите дека е и природно убава.
Пејачката неодамна го смени имиџот, па со новата, розова боја на косата потсетува на Лејди Гага, коментираат фановите. Антонија за оваа промена рече дека повторно е задолжен нејзиниот пријател Даниел Николовски, кој ги следи светските трендови.