Пејачката Кети Пери призна дека сакала да се самоубие во 2017 година кога раскинала со глумецот Орландо Блум.
„Раскинав со мажот што го обожавав, и иако спремав нов албум, сфатив дека не сум среќна, туку дека тонам. Помислував и на самоубиство. Сакав да го прекинам животот, тагата ме јадеше однатре“, рекла Кети во скорешно интервју за Си-ен-ен.
Пејачката раскажала дека благодарноста ѝ го спасила животот.
„Колку и да звучи чудно, сфатив дека сум благодарна, што имам семејство, кариера и се понадевав дека Господ можеби спремил нешто поголемо за мене, па дека не смеам да се откажам“, додала таа.
Кети и Орландо ја обновија врската во 2018 година, а пејачката наскоро треба да го роди нивното прво дете. Таа ќе роди ќерка, на која, вели, нема да ѝ дадат име, туку ќе остават самата да избере како ќе се вика кога ќе биде доволно голема.