Иако фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо важи за човек кој сака да експериментира со имиџот и ги поставува трендовите за машки фризури, овој пат не го погоди вкусот на фановите. Откако објави слика на Инстаграм на која косата му е кадрава и исчешлана нагоре, фановите почнаа да коментираат дека никогаш не изгледал полошо.
„Што направи човеку?“, „Да не те средуваше баба ми, јас бев ваков на 5 години“, „Сега и никогаш повеќе“, „Бриши ја сликата, ме заболеа очи“, се дел од коментарите.
На сликата Роналдо е во друштво на неговиот соиграч Хуан Квадрадо, кој има ситни кадрици.