5-годишниот Тони Хаџел со новите протетички нозе изоде 10 километри во еден месец и собра 1,5 милион долари за болницата во која му го спасија животот кога бил бебе. Тони бил физички малтретиран и тепан од биолошките родители, па кога имал само 41 ден, бил однесен во болница со сериозни повреди.
Иако лекарите не верувале дека ќе преживее, оти детето имало искршеници на нозете, развило сепса, токсичен шок и повеќе ограни му откажувале, сепак успеале да го спасат. Заради компликации, докторите во 2017 година морале да му ги ампутираат двете нозе. На нивно место има вештачки протези, со кои, сега, успеа да препешачи 10 километри и да го заврши својот предизвик. Во ова му помогнале и родителите што го посвоиле.
„Неверојатна е помислата дека пред само неколку недели Тони едвај правеше неколку чекори. Тој е толку силно и решително момче и ние сме многу горди со него. Сакаме да им се заблагодариме на сите за дарежливоста и поддршката на добротворната акција на Тони. Не можеме да бидеме посеќни што парите ќе одат на место кое е толку значајно за нашето семејство“ – изјавила неговата мајка.
Тони бил мотивиран да започне да собира средства, откако ја слушнал приказната за Капетан Том, 100-годишен старец кој собра 40 милиони долари со тоа што изоди 100 кругови околу својата градина додека беше во карантин. Неговата донација била за медицинските работници од Националната здравствена служба (NHS).
Биолошките родители на Тони, пак, се осудени на казна затвор од 10 години.