Еден од водечките германски вирусолози и директор на Институтот за вирологија и истражување на ХИВ, при Универзитетот во Бон, професор Хендрик Штрик, тврди дека постојат два фактори кои се карактеристични за респираторните или за коронавирусите, кои допринесуваат за инфекцијата. Тоа се брзината и времето.
„Тоа се брзината и времето. Ако се наоѓате покрај заразена личност и поминете многу од времето со неа, најверојатно и вие ќе се заразите со инфекцијата. Ризикот дополнително се зголемува ако сте во затворени простори. Отсуството на ветер и сонце значи дека вирусот лесно може да остане долго време во воздухот“, објаснува Штрик.
Штрик тврди дека нема да има втор или трет бран на коронавирус и дека тоа ќе биде континуиран бран на вирусот со издигнувања и падови.
„Не очекувам дека овој вирус ќе исчезне. SARS-CoV2 ќе стане нов вид на ендемски (постојано присутен“ коронавирус. Во моментов во светот постојат четири ендемски вируси од корона, од кои заболува човекот. Мислам дека и SARS-CoV2 се развива во таков вирус. Не можеме да го уништиме вирусот додека не ја откриеме вакцината. До ден денес не откривме вакцина против патогените човечки видови на коронавирусот, така што мораме да го интегрираме SARS-CoV2 во нашиот секојдневен живот“, вели Штрик.
Тој смета дека ако маските не се користат правилно, ако не се носат постојано, ако не се перат редовно, ако непрекинато се допираат, тогаш таквата маска е погодна за бактерии и вируси.
„Тоа може да предизвика и голем број на други болести“, тврди Штрик.
Според него, дезинфекциската игра има второстепена улога, затоа што SARS-CoV2 е зараза која се пренесува преку воздух, а не со контакт. Но, ако човекот кашла или кива во дланките, а потоа ја отвора вратата, може да дојде до инфицирање, ако и некој друг ја допре бравата, смета тој.
Но, Штрик смета дека тоа не е главниот начин на пренос на заразата. Главното жариште на Ковид-19 се во бронхиите и белите дробови. Поради тоа, надворешната дезинфекција, веројатно, е помалку ефикасна. Но, кога станува збор за други вируси, кои се пренесуваат преку контакт и кои можат долго да останат на површината, важна е добра дезинфекција, особено на рацете.
За коронавирусот, тоа не е примарно, смета Штрик. Тој објаснува дека сите, вклучувајќи ги и експертите во Светската здравствена организација, учат неверојатно интезивно за новиот вирус.
„Учиме како треба да бидеме многу подобро подготвени за таквата пандемија. Последните години Светската здравствена организација, во повеќе наврати изјави дека потребни се повеќе пари за да подобро се подготви за таквата пандемија. Се надевам дека СЗо ќе излезе од оваа ситуција посилна, а не послаба. Се разбира, треба да се види дали организацијата треба структурно да се менува при извршувањето на овие задачи, но очигледно е дека буџетот на СЗО за борба против пандемијата, денес исклучително е низок. Пандемијата е глобален систем, не е регионална, ниту национална, но, ние како глобална заедница учествуваме во тоа заедно“, смета Штрик.
Тој нема одговор дали пандемијата може да се повтори во наредните години. Вели дека може да се појават повторно некои стари вируси, како што е шпанскиот грип. Може да се случи познати бактерии да станат нечувствителни на антибиотици и да направат проблем за целиот свет.
„Колку подобро бидете подготвени, толку побрзо и поефикасно ќе може да се избориме со овој проблем во иднина. Најважното време на пандемијата е времето пред пандемијата“, вели Штрик.
Штрик смета бројката на заразени со коронавирусот може да се зголеми на есен.
„Кога станува збор за другите видови на коронавирус, постои нивната зависност од времето, барем во Германија. Респираторните вируси побрзо се шират кога е ладно и суво времето, но и при висока влажност. Може да се претпостави дека и Ковид-19 слично ќе се однесува. Пред неколку месеци во Австралија имаше мал број на заразени, додека сега нивниот број нагло расте. Една од причините за тоа може да биде тоа што во Австралија почнуваат зимските месеци“, смета Штрик.
Штрик смета дека луѓето мораат да почнат да живеат со вирусот. Дека мора да сватат кои мерки се најефикасни. Некои велат дека тоа се масите, други се залагаат за ограничување на контактите или забрана за масовни собирања. Но, во овој момент никој не знае точно со сигурност, кој е најефикасниот метод за борба против овој вирус, смета Штрик.
„На почетокот брзо и истовремено донесовме многу различни мерки. Сега е важно да сватиме која е најдобрата и која може ефикасно да го блокира вирусот. Кога ќе го сватиме тоа, ќе почнеме по нов пат во борбата против него“, тврди Штрик.