СЗО прекинува со испитувањата, лекот „Хлорокин“ не ја намалува смртноста кај заразените со коронавирус

Светската здравствена организација соопшти дека ќе ги прекине своите испитувања за лекот за маларија, „хидроксихлорокин“ и комбинациите од лекови за вирусот ХИВ, „лопинавир/ритонавир“, на пациенти кои се заболени од коронавирус, пишува српски „Курир“.

Ваквата одлука е донесена затоа што овие лекови на допринесуваат за намалување на смрттноста кај пациентите заразени од Ковид-19.

„Привремените резултати од тестирањето покажуваат дека „хидроксихлорокинот“ и „лопинавир/ритонавир“, имаат мал или речиси никаков ефект во намалувањето на смртноста кај хоспитализираните пациенти заразени со Ковид-19“, навеле од СЗО.

Како што пишува во соопштението, испитувањето веднаш ќе биде прекинато, пренесува „Ројтерс“. Таквата одлука е донесена на основа на препораките на меѓународниот одбор и не влијае на другите студии во кои лековите се користат за нехоспитализираните пациенти или како превенција.

Во другото испитување, СЗО ја испитува и можноста од ефектот на лекот „ремдесивир“, на Ковид-19.

 

 

Scroll to Top