30-годишната глумица Марго Роби важи за една од најубавите жени во Холивуд. Таа не сака да експериментира со шминката, па за телевизиски гостувања и на црвениот тепих начесто е нашминкана нежно, природно, скоро незабележително. Само понекогаш Марго има впечатлив црвен кармин.
За да се нашминкате како Марго Роби, мејкап артистите препорачуваат: два слоја маскара, нежна сенка во земјени тонови или само моливче на очите, кафен кармин или сјај за устата. Ова се некои од највпечатливите изданија на глумицата, а сепак се едноставни, класични и нежни.