Британската старлета Кејти Прајс ја разгневи јавноста со изјавата дека сака едно од нејзините деца да умре пред неа. Таа подоцна објаснила дека не мислела ништо лошо со изјавата.
Таа изјавила дека едно од нејзините деца, Харви, е со нарушено здравје. Тој се соочува со бројни проблеми, а Прајс неодамна објасни дека тој во секој момент може да добие срцев напад.
Харви страда од Прадер-Вили синдром и речиси не може да гледа, а сега се жалел и на болки во градите.
„Харви многу потешко би ја поднел мојата смрт, затоа што не би разбрал што се случува, а тоа е нешто од што најмногу се плашам“, вели Прајс.
„Знам дека е грозно ова што го зборувам, но би сакала тој да умре пред мене, затоа што нема да може да се снајде без мене. Харви просто не би разбрал каде ќе заминам и зошто нема да се вратам“, објаснила Прајс.