Афродизијаците дејствуваат на два начина – некои производи создаваат сексуална желба дејствувајќи врз умот, а други со испраќање импулси на одредени делови од телото.
На пример, Старите Хелени и Римјаните верувале дека може да го зголемат своето либидо и желбата за секс со џвакање семе од анасон. Анасонот се користи и како поттикнувач на естроген, кој го зголемува лачењето млеко, ги намалува болките при менструацијата, но и го олеснува породувањето. Понатаму, тоа ги намалува симптомите и на машкиот климакс. Бананите, од друга страна, се богати со калиум и витамин Б, што исто така е потребно за лачење полови хормони.
Реакцијата на телото при јадење чили, пак, е потење, зголемено отчукување на срцето и поинтензивна циркулација, слична на реакцијата при секс. Затоа, чилито се смета како идеален стимулант. Се верува дека и босилекот и морковите го стимулираат сексуалниот нагон и ја подобруваат плодноста.
За мирисот на краставица се вели дека ја зголемува циркулацијата и го зголемува либидото кај жените. Смоквите се уште едно овошје што ги потврдува својствата на афродизијак судејќи не само според нивниот изглед.
Според стручните лица, и лукот има благ стимулирачки ефект, и тоа токму поради неговиот мирис, но и ефектот врз крвотокот.
Медот е богат со витамин Б, кој е потребен за лачење тестостерон кај мажите. Папајата, пак, како и анасонот и оревите, има состојки што влијаат врз женскиот хормон естроген и го зголемуваат либидото кај жените.
Интересно, истражувањата покажаа и дека лубеницата дејствува слично на „вијаграта“. Тоа е така зашто содржи цитрулин, кој го чисти телото, содржи оксиди, ги релаксира крвните садови, слично како „вијаграта“.
Симболот на плодност – бадемот, како што велат некои, само со мирисот може да ја стимулира сексуалната желба кај жените. Затоа тие се користат најчесто во облик на мирисливо масло за масажа или во бањата.