Краставицата ја зголемува желбата за секс: афродизијаци за жени и мажи

Афродизијаците дејствуваат на два начина – некои производи создаваат сексуална желба дејствувајќи врз умот, а други со испраќање импулси на одредени делови од телото.

На пример, Старите Хелени и Римјаните верувале дека може да го зголемат своето либидо и желбата за секс со џвакање семе од анасон. Анасонот се користи и како поттикнувач на естроген, кој го зголемува лачењето млеко, ги намалува болките при менструацијата, но и го олеснува породувањето. Понатаму, тоа ги намалува симптомите и на машкиот климакс. Бананите, од друга страна, се богати со калиум и витамин Б, што исто така е потребно за лачење полови хормони.

Реакцијата на телото при јадење чили, пак, е потење, зголемено отчукување на срцето и поинтензивна циркулација, слична на реакцијата при секс. Затоа, чилито се смета како идеален стимулант. Се верува дека и босилекот и морковите го стимулираат сексуалниот нагон и ја подобруваат плодноста.

За мирисот на краставица се вели дека ја зголемува циркулацијата и го зголемува либидото кај жените. Смоквите се уште едно овошје што ги потврдува својствата на афродизијак судејќи не само според нивниот изглед.

Според стручните лица, и лукот има благ стимулирачки ефект, и тоа токму поради неговиот мирис, но и ефектот врз крвотокот.

Медот е богат со витамин Б, кој е потребен за лачење тестостерон кај мажите. Папајата, пак, како и анасонот и оревите, има состојки што влијаат врз женскиот хормон естроген и го зголемуваат либидото кај жените.

Интересно, истражувањата покажаа и дека лубеницата дејствува слично на „вијаграта“. Тоа е така зашто содржи цитрулин, кој го чисти телото, содржи оксиди, ги релаксира крвните садови, слично како „вијаграта“.

Симболот на плодност – бадемот, како што велат некои, само со мирисот може да ја стимулира сексуалната желба кај жените. Затоа тие се користат најчесто во облик на мирисливо масло за масажа или во бањата.

Scroll to Top