Најголемите заблуди за неверството

Секој пар и секоја ситуација се единствени. Затоа, заборавете на генерализирањето и слушајте се себеси кога некој ќе ве изневери или кога вие ќе изневерите. И за неверството постојат заблуди кои не се точни.

Неверството секогаш значи крај на врската. Така нешто може да констатира само личност која не е запознаена со проблематиката на нечиј емотивен однос или која никогаш не се нашла во дадената ситуација. Во реалност, емотивните односи се премногу комплексни за да ги поедноставите така. Секако дека неверството предизвикува огромен стрес и разочарување од партнерот, но многу парови поминале низ такво искуство и успеале од него да излезат посилни. Статистички, 50% од браковите во кои дошло до неверство сепак успеале да се одржат. Ако се смириле и потоа развеле, тоа не било поради неверството, туку поради проблемите кои од почетокот се криеле негде во неговата позадина.

Неверството не се случува случајно. Прељубникот бара афера. Потполна невистина. Во повеќето случаи до неверство доаѓа непланирано и спонтано, во моментот кога личноста е ранлива, кога од некој друг го добива она за кое залудно чезне во својата врска или ако партнерот физички или емотивно е дистанциран, па се чувствува осамено.

Личноста со која некој го изневерува партнерот е секогаш млада и убава. Погрешно. Дури, бројните истражувања покажале дека личноста со која се изневерува најчесто е многу помалку привлечна од партнерот.

Мажите изневеруваат повеќе од жените. Некогаш одамна било вистина, но бројките се помалку или повеќе изедначени во модерните времиња.

Неверството се случува поради проблемите во врската. Вистина, ако сте жена прељубница. Но дури 55% од машките прељубници одговориле дека се во солиден и среќен брак, а тоа го прават за да внесат малку возбуда во својот живот.

Неверството се врти околу сексот. Не, всушност се врти околу емоционалната поврзаност која некој ќе ја почувствува со личноста која не е нивен партнер. Иако секако, најчесто доаѓа до секс, сепак тоа не е појдовната точка на неверството.

Scroll to Top