Лубеницата не само што ја навлажнува кожата, туку ја прави поубава, свежа и здрава. Таа го изедначува и освежува тенот. Затоа, експертите препорачуваат да ја користите како маска за лице.
Неколку парчиња лубеница се чистат од семките и кората и се пасираат. Додадете и четвртина авокадо и пасирајте повторно. Оставете смесата да се олади во фрижидер и така ладна нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. Студената лубеница ќе ја смири кожата, а витамините и маслото од авокадо ќе ѝ ги дадат неопходните хранливи материи.
Пред да ја нанесете маската измијте го лицето со жешка вода за да се отворат порите, а хранливите материи да се апсорбираат побрзо и полесно.
Оставете ја маската да делува 30 минути, па исплакнете го лицето со млака вода.