Рок-музичарот Бени Шаќири денес слави роденден. Тој полни 51 година. Роденденот прва му го честиташе неговата сестра Нора. Таа во порака на „Фејсбук“, освен што напиша дека го има најдобриот брат на светот, рече и дека Бени секој ден ја прави горда сестра.
„Денеска му е роденден. 51 пуни лепотанов мој. Ме израсна, ме чува, ме сака, ме поддржува, тој ми е ветер во грб. Постариот ми брат секој ден ме прави горда сестра. Вистинска среќа е што го имам. Чесен, праведен, борбен, искрен. Среќен роденден љубов моја, ти ја посакувам сета среќа на овој свет. Заедно сме во сè“, напиша Нора на „Фејсбук“.
Некогашната водителка и новинарка, долго време го немаше видено својот брат. Откако таа се породи, а заради короната, со Бени решиле да помине малку време пред тој да го запознае внукот Ијан. Нора, неодамна за „Репортер“ раскажа дека долго време се гледале само преку Вибер.
„Бени е многу внимателен и не сака каква било отстапка. Долго го немаше видено Ијаан. Но, кога го виде внукот по еден месец, тоа беа емоции. Љубов на прв поглед. Неизмерна среќа што не се опишува“, ни рече Нора.